ИСХРАНА ПО ХЕМОТЕРАПИЈА! Што треба да јадете, а што да избегнувате?
Онколошките пациенти за време на хемотерапијата треба да водат здрав живот кој вклучува умерена физичка активност, избегнување на пороци како цигари и алкохол и здрава исхрана.
Бидејќи хемотерапијата ги убива клетките на ракот, може да ги оштети и здравите клетки, што може да предизвика одредени проблеми со исхраната.
По само една хемотерапија, може да се појават несакани ефекти од хемотерапијата, како што се мачнини, губење на апетит, промени во сетилото за вкус и мирис, запек или дијареа, болно оштетување на усната шуплина, грлото и отежнато голтање, повраќање, губење на тежината или дебелеење.
Исхраната на болните од рак често се разликува од исхраната на здравите луѓе, бидејќи тогаш може да дојде до зголемување на потребата од протеини или дополнителни калории.
Од друга страна, ако по хемотерапијата се појавиле рани во устата, храната треба да биде течна или во форма на пире и сосови.
Јадете доволно влакнеста храна, витамини и воопшто калории, бидејќи само така ќе ја зачувате виталноста на организмот за време на лекувањето и ќе му помагнете на оштетеното ткиво побрзо да се регенерира.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.