ИШМУКАЈТЕ И ФРЛЕТЕ! Пржени зачинети камчиња се популарна улична храна во Кина (ВИДЕО)
Ишмукајте ги и фрлете ги. Суо Диу е најтврдото јадење на светот кое се продава како улична храна во Кина и чини по 2 евра за порција. Станува збор за зачинети пржени КАМЧИЊА!!!
Денеска некако ни тргна со текстовите за необични јадења. За разлика од кактусите, кои можат да бидат вкусни, ова последново, изгледа како најголема глупост. Мислам, баш е некако и соодветно за времево кога е се поскапено по продавниците и пазарите, па ни останува да почнеме да јадеме камења.
Иако ми се чини дека овие, кои ги продаваат како популарна улична храна во Кина, се всушност прилично скапи. И не е дека камчињата се буквално за јадење, туку за шмукање. Ишмукајте и фрлете, тоа е принципот, а ќе ве чини 16 јуани или околу 2 евра за порција.
Повеќе за ова, како и видеото, ќе ги најдете ТУКА.