ИСЕН ШАБАНИ ПОБЕДИ ВО ВРАПЧИШТЕ Ова е негов трет мандат

880

Кандидатот за градоначалник на Врапчиште од коалицијата Национална алијанса за интеграција, Исен Шабани, прогласи победа.

По обработени 100 проценти од гласовите, според Државната изборна комисија, тој има освоено 5.414 гласови, наспроти кандидатот Зуљхајрат Демири, поддржан од Група избирачи, кој освоил 3.135 гласа.






Шабани се заблагодари на довербата. Тој веќе слави победа. Ова ќе биде негов трет мандат како градоначалник на општина Врапчиште.

 

Поврзани содржини