Иселениците Македонци ни го свртија грбот – тие можат без нас, ние малку „трудничко”!
Заев доживеа фијаско со пописот, не само поради пандемијата. Особено мегу иселениците Македонци, расеани по светските меридијани. Парадоксот е што, барем во овој дел, не спачали ништо и Мицкоски. Напротив.
(ВМРО ДПМНЕ го отпишаа, СДСМ ниту го запишаа)
Во едно претходно писание, на овој простор, си зедов за право да прогнозирам дека, она што на последното изборно соочување, им се случи на босненските владеачки политички главатари, од носечките, мејнстрим партии, ќе им се повтори на бугарските.
На ред се македонските!
Во Бугарија, Каракачанов виде што значи да се турка со главата зид, помалку и Борисов. Кај нас, Заев, во последен момент ја отргна главата од зидот наречен попис. Сега, заедно, го потпираат зидот со Мицкоски и заедно ќе ја платат цената – барем за тој дел. За сите останати парадокси, сметката ќе оди на контото на Заев.
Заев доживеа фијаско со пописот, не само поради пандемијата. Особено мегу иселениците Македонци, расеани по светските меридијани. Парадоксот е што, барем во овој дел, не спачали ништо и Мицкоски. Напротив.
Иселениците Македонци ни го свртија грбот. И оние во преку океанските земји и оние во Европа, за кои социјализмот имаше измислено термин – „на привремена работа во странство!”. „Привремената” стана трајна, а таа матица на сиромаштијата и незадоволството од состојбите во сопствената земја, продолжи и во пост-социјалистичкиот период, во самостојна Македонија.
Единствената разлика е што порано заминуваа оние со никакво, или ниско образование, сета заминуваат –НАЈОБРАЗУВАНИТЕ!
Тоа што иселенмиците Македонци, го отпишаа ВМРО ДПМНЕ, а СДСМ ниту го запишаа, не е играчка: тие можат без нас, ние без нив – малку „трудничко”!
Според податоците на најрелевантните мегународни институции, една четвртина од македонскиот платен биланс, го покриваат дознаките на иселениците. За возврат, ние овде малку водиме сметка за Македонците во соседните земји, а уште помалку-за оние во најодалечените краишта.
Контактиравме наши извори во САД и Австралија. Во едно се согласни:никогаш во меморијата на нашинците по светот, немало ваква поделеност меѓу иселениците и нивната матична држава-Македонија.
Вината е кај нас и не е само во договорите со Грција и Бугарија. Македонците иселеници пропатија многу повеќе од нас овде и тие никогаш нема да ја прифатат цената која,ние овде, ја плативме за влез во НАТО и за заблудата дека ЕУ ќе ги исполни ветувањата кон нас. Едноставнo, ние не размислувавме за нивните чувства.
Ние ги прекинавме сите институционални форми на спојување. Размислите на кој начин ја разнебитивме Матицата на иселениците (во Хрватска, тое е поим!), какви се личности испраќавме за амбасадори во Камбера, на кое ниво е сведена и кој моментно ја води Агенцијата за иселеништво!?
Иселениците Македонци тагуваат за Матицата и списанието “Македонија “ кое го издаваше. Сега е приватизирана, за жал, нема списание, а ја нема (иако ја има!) и зградата – приватизирана (!) заедно со Матицата, регистрирана со финтата:НА-ОД. Формирана е 1951, а ја воделе громадни личности, од ковот на Христо Андоновски Пољански, Томе Буклески Маќули, Димче Мире, Живко Василевски, Керамитчиев, Томе Саздов…
Во времето на Мартин Тренески, Матицата се расточи во божем Министерството за иселеништво, во координирана спрега на Љубчо( со Б) и МПО, за да и се одземе зградата и сега да ја води кадарот на ЉуБчо – Близнакоски!
„Тражили сте – гледајте”: во Австралија се попишаа „дури” 2375 иселеници! Во Канада, „дури” 1641, додека во САД „цели” – 7794, мколку што живеат во Њујорк и соседниот Џерси!
Според пописот од 2016, во Австралија, официјално се регистрирани скоро сто илјади иселеници (98, 441) 43 110 во Канада и 69.636 во САД и тоа во категоријата- графата „граѓани по потекло”. Вистинскиот број е далеку, далеку поголем, се мери во милиони!Само во Австралија над 3000.000.
Еден од најревносните проследувачи на иселеничките голготи, публицисот Славе Катин, забележува дека иселеништвото од етничка Македонија започнало при крајот на 18-от век. Се смета дека првите иселеници од селото Буф, Леринско, заедно со неколку други Македонци од Битолско, Преспанско и Костурско заминале 1896 година преку големата вода во САД.
После Илинденското востание, поделбата на Македонија и Балканските војни иселувањето се зголемува од Битолско (Пелагонија), Леринско, Костурско, Преспанско, подоцна и од Охридско и од Полог. Патиштата ги водат кон Романија, Бугарија, Турција, Австралија,после 1924.
Егзодусот се засилува меѓу Првата и Втората светска војна, особено во периодот 1945-49 (по Ѓраѓанската војна во Елада) и шеесетите години на југословенската федерација, ете и сега – во самостојна и „демократска” Македонија.
Од самостојноста на Македонија, каква таква, врска со иселениците, обележа периодот на Киро Глигоров. Затоа и му возвраќаа. Кога Глигоров, го разнесе македонскиот збор под сводовите на Светската куќа на Ист Ривер во Њујорк, аплаудираше поголема група Македонци од САД и Канада. Стив Пљакас ги финансираше патувањата и престојот.
Денеска, единствената реална каузална врска (со сите палавости на одредени владици!) е Црквата, единственото катче за иселениците, чувар на верата, обичаите и она што преостана од љубовта кон Македонија и заедничкото живеење
Македонците само уште во црквите можат да се чувствуваат како дома. Во иселеништвото има 80 МПЦ и манастири во САД,Канада, Австралија, Европа. Само црквите ќе ги задржат Македонците, но не многу долго, бидејќи младите генерации полека се оттуѓуваат. Асоцијациите надвор од црквите, како Обединета македонска дијаспора на Мето Коловски и, ете, „Македонија 2025” на Зафировски и Битов, колку толку, се активни, меѓутоа државата не се интересира за нив и затоа се спласнати. Кључот е, сепак, во Македонија, ќе забележи Славе Катин.