ИСЕЛЕНИ ЛУЃЕ ОД ДВЕ НАПУШТЕНИ КУЌИ ВО ЦЕНТАР Општината бара одговорност од газдите на имотите

Иако Општината постојано интервенира, нерешените имотно-правни односи често се користат за повторно вселување.

243

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со интензивна акција за расчистување на два напуштени објекти на улиците Тетовска бр. 20 во Ново Маало и Владимир Полежиновски бр. 7 кај трговскиот центар „Буњаковец“.

– Интервенцијата е извршена по барање на жителите од околните згради поради страв од пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На локацијата кај гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на МВР, се иселени затекнатите лица и започнато е расчистување на сметот во и околу куќата. На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба, по што се пристапува кон целосно чистење на мини депонијата – соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.






Иако Општината постојано интервенира на овие точки, нерешените имотно-правни односи често се користат за повторно вселување.

– Упатуваме апел до сопствениците на објектите за поголема одговорност, а граѓаните да продолжат со навремено пријавување за ефикасна реакција на службите – порачуваат од Општината.

Фото: Општина Центар
Поврзани содржини