ИСЦРПЕНАТА МАРИНИКА ТЕПИЌ ЕДВАЈ СЕ КАЧИ НА БИНАТА Протест на иницијативата Про-Глас за поништување на изборите во Србија
Во Србија денеска се повторува гласањето на 35 избирачки местра, а Републичката изборна комисија донесе одлука за прегласување на уште 8 избирачки места на 2. јануари.
Иницијативата Про-Глас напладне започна протест на платото пред фонтаната Теразија во Белград под името „Не се согласуваме“, а блокиран е сообраќајот на неколку улици, пишува Танјуг.
На протестот се приклучија и студентите кои ноќта ја минаа под шатори на улицата „Књаз Милош“.
Носителот на листата „Србија против насилството“ Мариника Тепиќ, која веќе 12 дена штрајкува со глас, се качи на бината на и им се обрати кратко на демонстрантите.
– Жал ми е што не можам и немам многу да ви кажам. Овие избори мора да се поништат – им порача Тепиќ, која поради нарушено здравје како последица на штрајкот со глад, мораа да ја придржуваат нејзините соработници.
Говорници на протестот беа и актерката Светлана Цеца Бојковиќ, професорите Миодраг Јовановиќ, Филип Ејдус и Оливер Тошковиќ, како и актерот Раде Шербеџија.
По обраќањето на учесниците на митингот кај фонтаната Теразије, демонстрантите маршираа до зградата на Уставниот суд на Србија.
Претставниците на иницијативата „ПроГлас“ бараат одржување на нови парламентарни, покраински и локални избори во Србија, поради тоа што, како што тврдат, волјата на граѓаните е изиграна. Тие наведоа дека изборите треба да се одржат во рок од шест месеци по процесот на, како што наведоа, суштински промени на изборните услови.
Републичката изборна комисија денеска донесе одлука за повторување на гласањето на парламентарните избори на осум избирачки места во пет општини во Србија на 2 јануари.
Во вторник од 7 до 20 часот ќе се повтори гласањето на две избирачки места во Бачки Петровац, на три места во Бела Паланка и на по едно место во општините Беочин, Мионица и Петровац на Млава.
Комисијата одлучи и на тие избирачки места да се испечатат 5.352 гласачки ливчиња за прегласување на изборите за пратеници.
Во Србија утрово од 7 часот почна гласањето на 35 избирачки места, каде се повторуваат изборите за пратеници во српскиот Парламент, како и на три избирачки места каде се повторуваат изборите за советници на градското собрание на Белград.
На избирачките места каде се повторува гласањето за републичко собрание запишани се вкупно 19.543 гласачи.
Избирачките места се затвораат во 20:00 часот, а до затворањето е изборен молк.