„ИСЧИСТЕНО Е“ Комунална хигиена ѝ одговори на општина Аеродром
Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки, тврдат од претпријатието и доставуваат фотографии под објавата.
Јавното претпријатие „Комунална Хигиена-Скопје“ одговори на обвинувањата на општина Аеродром дека се натрупува отпадот во контејнерите:
„Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса“, велат од претпријатието.
Тие додаваат:
„Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки. За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална. Во прилог фотографии од состојбата на контејнерите на ЈПКХС на територија на општина Аеродром во моментов“.
