ИСЧИСТЕН СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Почитувајте ги спомениците!
Од Комунална хигиена апелираат да запре вандализмот и граѓаните со почит да се однесуваат кон спомениците на националните херои.
Екипите на Комунална хигиена Скопје синоќа експресно го исчистија вандализираниот споменик на Гоце Делчев во Градскиот парк.
„Исчистена е бистата на споменикот на македонскиот народен херој Гоце Делчев и околниот простор“, соопшти Комунална хигиена преку нејзиниот профил на Фејсбук.
Оттаму апелираат да запре вандализмот и граѓаните со почит да се однесуваат кон спомениците на националните херои.
Непознати сторители вчера го исчкртале споменикот на Гоце Делчев со спреј во неколку бои исчкртан и плочникот пред него.
Од МВР изјавија дека преземаат мерки за откривање на сторителите.