Исчезнуваат прозорците од авионите! Што ќе ги замени? (ФОТО)
Уште во 2018 година, „ Emirates“ предвидоа дека прозорците на патничките авиони на крајот ќе бидат отстранети.
Прозорците на патничките авиони може да заминат во историјата.
Компанија за дизајн нуди да ја прилагоди внатрешноста на приватните авиони со „OLED“ екрани од ѕид до ѕид за да прикажува филмови или пејзажи по избор на клиентот.
– Во иднина, прозорците на авионите може да исчезнат – велат од „Yasava“, швајцарската компанија која стои зад концептот.

Екраните „OLED“ може да се направат во различни големини, како и да ги покриваат постојните прозорци, пренесува „Daily Mail“.
Погледите прикажани на нив може да се променат со еден клик додека авионот е во движење.
Рекламите на „Yasava“ покажуваат екрани кои прикажуваат смирувачка подводна сцена, релаксирачка шума и златно небо над облаците.

Сепак, можно е и патниците да гледаат филмови или ТВ-емисии.
Според „Yasava“, концептот се покажа популарен кај нејзините клиенти, „тие не можат да престанат да зборуваат за тоа“. Компанијата во моментов работи на пет проекти за авиони.
Сепак, „OLED“-екраните не се нудат индивидуално, туку како дел од пакет услугата за целосен дизајн на кабината и надградба на внатрешноста на авионот.

„Yasava“ може да ги прилагоди екраните на различни модели на авиони.
Уште во 2018 година, „ Emirates“ предвидоа дека прозорците на патничките авиони на крајот ќе бидат отстранети.
Ова ќе го направи леталото полесено, соодветно поекономично, како и помоќно, побрзо и способно да лета на поголема надморска височина.