ИСЧЕЗНАТО Е ПЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ, ТВРДАТ РОДИТЕЛИТЕ Клиниките немаат регистрирано таков пациент, а МВР постапува по пријавата
Од двете клиники упатуваат апел на претпазливост до сите при следењето на овој случај, бидејќи како што велат кај нив такво бебе за кое тврдат родителите не било примено кај нив. Од таму порачуваат дека е невозможно да се случи безбедносен пропуст во нивното работење и ги смируваат родителите чии деца се наоѓаат на двете клиники да останат спокојни.
Исчезнато е петмесечно бебе на Универзитетска клиниката за детски болести, тврдат за Сител родителите на детето кои случајот го пријавиле во Министерството за внатрешни работи.
Како што пренесува Сител, родителите тврдат дека откако бебето било пренесено од Клиниката за Гинекологија на Детската клиника, исчезнало и никој не знае каде се наоѓа во моментов.
Родителите на детето тврдат дека, мајката наводно последен пат го виделе на 16 ноември, а за што велат дека имаат и фотографии од бебето.
Од МВР велат дека се проверени сите оддели на Клиниката за детски болести и дека немаат дете кое недостасува. Допрва треба да се утврди дали ова бебе навистина било овде хоспитализирано и дали недостасува. Оттаму додаваат дека се постапува по пријавата, за што полициски службеници биле и во ГАК.
Од Клиниката за Детски болести велат дека такво бебе воопшто не било примено кај нив на лекување, а проверка извршиле и полициски службеници. По проверката на сите картони бил утврдено дека сите деца кои се во моментов примени на лекување се наоѓаат во клиниката и нема исчезнато бебе.
По оваа дојава и во ГАК е извршена проверка, дури и пред да пристигне полицијата, при што документите покажеле дека мајката која тврди дека бебето ѝ е изгубено, воопшто не била прегледана и породена на Клиниката за Гинекологија и акушерство. Оттаму потврдуваат дека мајката кај нив се пријавила во 2019 година кога била породена со царски рез, по што била замината дома со своето бебе.
За Сител од ГАК велат дека жената прв пат се појавила кај нив вчера и тоа директно во одделот за интензивна нега, каде што го побарала своето бебе и притоа побарала документи за детето коешто наводно исчезнало.
Според МВР, како што пренесува Сител, имало контрадикторности во пријавата на родителите и ќе мора да се направат детални проверки, затоа што може да се покаже дека се работи за лажна пријава, а за што може родителите кривично да одговараат.
Од двете клиники упатуваат апел на претпазливост до сите при следењето на овој случај, бидејќи како што велат кај нив такво бебе за кое тврдат родителите не било примено кај нив. Тие упатуваат и апел на спокојност и за родителите чии деца се наоѓаат на двете клиники, бидејќи тврдат дека немало безбедносен пропуст во нивното работење.