ИСЧЕЗНАТИОТ 66-ГОДИШЕН МАЖ ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА ИЛИНДЕНСКА Телото било на тротоар и е предадено на обдукција

Скопјанецот бил пријавен како исчезнат, смртта е констатирана без видливи траги на насилство, а телото е предадено за обдукција.

0

66-годишниот Т.К. од Скопје утринава бил пронајден починат на тротоар на булевар Илинден. Тој претходно бил пријавен како исчезнат од своето семејство.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека смртта настапила без видливи траги на насилство.






„На местото бил извршен увид, а телото на починатиот, по наредба на јавен обвинител, е предадено за обдукција за да се утврдат причините за смртта“, информираат од СВР Скопје.

 

Поврзани содржини