ИСЧЕЗНАТАТА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНА РАСПАРЧЕНА ВО ЦРНИ ВРЕЌИ! Морбидно злосторство на грчкиот остров Кос
Анастасија му рекла на своето момче дека е во Мармарија, дека е пијана и дека некој со автомобил ќе ја донесе до хотелот, а потоа ѝ се изгубила трагата.
Голо мртво тело на девојка е пронајдено во населбата Аликес, на грчкиот остров Кос, а полицијата верува дека станува збор за Анастасија Рубинска, 27-годишната девојка од Полска, која исчезна пред пет дена, пишува „Прототема“.
Според првите информации, голото тело било пронајдено во вреќа покриена со гранки, под дрво во мочурлива област, недалеку од куќата на 32-годишен државјанин на Бангладеш, кој е уапсен. Полицијата освен него, сомничи и еден Пакистанец. Половина од телото било пронајдено во црна вреќа, додека другата половина надвор, пишува „Катимерини“.
Снимките од безбедносните камери од соседните куќи покажуваат како државјанинот на Бангладеш влегува во неговата куќа заедно со Анастасија. Исто така ДНК матреријал од Анастасија е пронајден во куќата.
Исчезнувањето на Анастасија го пријави нејзиниот партнер, на 12 јуни. Тој телефонски контактирал со неа, а Анастасија му рекла дека е во Мармарија, дека е пијана и дека некој со автомобил ќе ја донесе до хотелот. Потоа му испратила локација за да тој дојде и да ја земе, но , кога момчето пристигнало на адресата, Анастасија не била таму, а мобилниот телефон ѝ бил исклучен. Потоа, полицијата го пронашла мобилниот телефон, но без СИМ-картичка.
Семејството на девојката од Полска веќе испратило приватни детективи во Грција за да откире што се случило со неа.
Државјанинот од Бангладеш, кој е осомничен за убиството на Анастасија, купил авионска карта за Италија веднаш по нејзиното исчезнување и се претпоставува дека сакал да побегне.