ИСЧЕЗНАА СЕМЕЈНИТЕ СПОМЕНИ И СПОМЕНИТЕ НА ДЕЦАТА Се огласи сопругата на Владе Дивац по силните пожари во Лос Анџелес

Пожарите уништија повеќе од 1.000 објекти, меѓу кои и домови на познати личности.

664

Сопругата на кошаркарот Владе Дивац, Ана Дивац, се огласи на Инстаграм по страшните пожари кои го зафатија Лос Анџелес, каде живее и таа со семејството.

„Многу од моите пријатели ги загубија своите домови во последните неколку дена. Работејќи со бегалци толку многу години, ја разбирам болката и шокот од губењето дом. Сè уште чекаме да видиме што ќе се случи со нашиот сакан град Лос Анџелес и ја нудиме нашата помош на секој можен начин“, напишала Ана Дивац и додала:






„Моето соседство, спомените на моите деца, нашите семејни спомени исчезнаа“.

Пожарите уништија повеќе од 1.000 објекти, меѓу кои и домови на познати личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Divac (@ana_divac)


 

Поврзани содржини