ИСЧЕЗНАА 7 ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 2 ДО 11 ГОДИНИ Унгарската полиција ги бара малолетниците, 39-годишна жена е осомничена

Исчезнувањето било пријавено на 7 март, кога првично се трагало по пет деца од семејството Бузас. Подоцна истрагата открила дека исчезнати се уште две деца, со што бројот се искачил на седум.

1

Полицијата започна голема потрага по седум деца на возраст од две до 11 години, кои исчезнаа во градот Мако во Унгарија, во близина на границите со Србија и Романија.

Исчезнувањето било пријавено на 7 март, кога првично се трагало по пет деца од семејството Бузас. Подоцна истрагата открила дека исчезнати се уште две деца, со што бројот се искачил на седум.






На листата на исчезнати се: Абел Бузас (2), Лилиен Бузас (3), Кевин Адам (7), Доминик (8), Ѓерѓ Бузас (8), Анита Рубин (9) и Амира Џесика Бузас (10).

Набрзо во истрагата се појавило и името на 39-годишната Ержебет Аните Пап, за која полицијата смета дека може да биде поврзана со исчезнувањето на децата.

Според информации од истрагата, постои можност жената да ги одвела децата или да избегале заедно, а се претпоставува дека можеби се движат како група.

Пензионираниот полициски мајор Атила Молнар, поранешен истражител, вели дека постојат индиции дека токму возрасната жена можеби стои зад исчезнувањето.

– Децата можеби исчезнале од своите домови или од згрижувачки семејства. Сѐ уште не е целосно јасна нивната врска со жената, но трагите укажуваат дека таа можеби ги организирала и ги одвела – изјавил Молнар.

Полицијата смета дека толку голема група деца тешко може да патува незабележано со јавен превоз, па затоа се претпоставува дека можеби сѐ уште се кријат во поширокиот регион.

Истражителите предупредуваат дека ситуацијата е сериозна бидејќи станува збор за многу мали деца, а брзото пронаоѓање е од клучно значење за нивната безбедност.

Полицијата ги повика граѓаните кои имаат било какви информации веднаш да се јават на итните служби.

Поврзани содржини