ИСЧЕЗНА ВИКТОР ИЛИОСКИ ОД ПРИЛЕП Семејството моли за помош, секоја информација е важна

Виктор последен пат бил виден во сабота околу 14 часот, облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики

78

Триесет и деветгодишниот Виктор Илиоски од Прилеп исчезнал во саботата попладне, а неговото семејство апелира до јавноста за помош во потрагата по него.

Според информациите од блиските, Виктор последен пат бил виден на 14 февруари околу 14 часот. Во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви патики.






Неговиот татко, 69-годишниот Д.И., во неделата попладне го пријавил исчезнувањето во полиција. Од таму информираат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Семејството ги повикува сите граѓани кои имаат каква било информација да се јават на телефонскиот број 076 303 292 или да ја известат најблиската полициска станица.

Поврзани содржини