ИСЧЕЗНА ТЕЛОТО НА НАВАЛНИ?! Алексеј не е во мртовечницата

982

Кира Џармиш, портпаролка на рускиот активист, рече дека мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој лежеше затвор, но таа била затворена.

Во објава на платформата X, порано Твитер, Џармиш рече дека и двајцата биле „уверени“ дека неговото тело е таму кај казнената колонија.






– Адвокатот се јави на телефонскиот број на вратата. Му рекоа дека е седмиот што се јавил денеска. Телото на Алексеј не е во мртовечница – рече таа.

Вчера (16 февруари) Федералниот оддел за поправни служби на автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални (47) во казнената колонија каде што ја издржуваше казната.

Според ова одделение, Навални по прошетката се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.

Поврзани содржини