ИСЧЕЗНА МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА ВО МИНЕСОТА Во езеро се пронајдени телата на две од децата

239

Телата на две од трите деца кои синоќа исчезнаа заедно со нивната мајка се пронајдени во езеро во американската држава Минесота, јавија американските медиуми.

Потрагата по мајката и уште едно од децата се уште е во тек, а трагачите веруваат дека децата намерно се удавени.






Ниту една од жртвите и оние по кои се трага не се именувани, додаваат американските медиуми.

Таткото на децата бил пронајден мртов вчераутро во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека и нивната мајка исчезнала тој ден заедно со децата.

Полковникот Џо Штајнер од полицијата во Мејплвуд изјави дека автомобилот и чевлите на жената кои им припаѓале на децата биле пронајдени во близина на езерото Ваднаис околу 16 часот.

Во претресот на езерото било најдено телото на едно дете, а телото на друго е пронајдено во текот на ноќта.

Властите веруваат дека сите три деца биле под петгодишна  возраст, наведуваат американските медиуми.

– Нема ништо потрагично од загубата на мали деца – изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер, на прес-конференција, додавајќи дека најверојатно станува збор за тројно убиство.

Поврзани содржини