📷 ИСЧЕЗНА 21-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД СКОПЈЕ Се бара Ени, последно е видена на бензинска станица во Илинден

„Поседен пат е видена во сабота сабајле на бензиска пумпа во населба Илинден. Доколку некој ја видел девојката ве молам пријавете во најблиската полициска станица“, наведено е во апелот.

898

На социјалните мрежи е објавен апел за исчезнато девојче. Апелот го објави Јоана Манојловска која посочува:

„Се бара Ени, другарка ми. Ве молам споделете“.






Според апелот, 21-годишната Енкеледа Чела е облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.

„Поседен пат е видена во сабота сабајле на бензинска пумпа во населба Илинден. Доколку некој ја видел девојката ве молам пријавете во најблиската полициска станица“, наведено е во апелот.

Случајот е пријавен во полиција.

„На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Поврзани содржини