📷 ИСЧЕЗНА 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО СКОПЈЕ Мајката се сомнева на киднапирање
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ни потврдија дека случајот е пријавен во полиција и дека полициски екипи веќе се вклучени во потрагата на 15-годишното девојче.
Полицијата трага по ученичката Вања Ѓорчевска која исчезнала утрово на пат кон училиштето ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во близина на Дебар Маало.
За случајот информираше мајката на девојчето Зорица Ѓорчевска, која побара помош преку социјалните мрежи.
„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и ѝ се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало, на пат кон училиштето. Ако имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, напиша мајката.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ни потврдија дека случајот е пријавен во полиција и дека полициски екипи веќе се вклучени во потрагата на 14-годишното девојче.
– На 27.11.2023 во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од МВР за Плусинфо.
Како што изјавила мајката за дел од медиумите, ниту другарките, ниту класната наставничка знаат каде се наоѓа Вања, па таа се плаши дека нејзината ќерка е киднапирана.