ИСЧЕЗНА 13-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО СКОПЈЕ Полицијата трага по него
Случајот го пријавил згрижувачот на момчето, 58-годишниот Р.Н., кој информирал дека момчето се оддалечило од семејниот дом.
Рано утрово, во 04:40 часот, во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено исчезнување на 13-годишниот Н.С. од Скопје.
Случајот го пријавил неговиот згрижувач, 58-годишниот Р.Н., кој информирал дека момчето се оддалечило од семејниот дом.
Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.