ИСЦЕДЕТЕ ГО ЛИМОНОТ ДО ПОСЛЕДНА КАПКА Со овој трик не ви треба цедалка за лимон
Одличен трик за да ја исцедите секоја капка лимон. Сокот нема да прска во сите правци, а не ви треба ниту нож, ниту цедалка
Колку и да изгледа едноставно, правењето сок од лимон понекогаш не е најлесната работа. Рачното цедење на овошјето бара подготовка на главниот „алат“ – даска, нож и цедалка, а откако ќе го добиеме сокот, не чека дополнително чистење на кујнските елементи.
За да не ја извалкаме кујната, а притоа најбрзо да го исцедиме лимонот, можеме да искористиме еден корисен трик од ТикТок, кој успеа да ги воодушеви домаќинките ширум светот. Најдобро од сè е фактот што за оваа процедура ви се потребни само 30 секунди!
Повеќе за ова и видеото, можете да ги најдете на порталот „Арт кујна“.