ИРИНА ШАЈК СОВРШЕНА И ПОКРАЈ ЦЕЛУЛИТОТ Еве како најплатената манекенка на светот изгледа без филтер и фотошоп (ФОТО)
Светскиот топ-модел Ирина Шајк (35) важи за една од најубавите жени на светот, а со својот изглед редовно мами машки воздишки насекаде.
Убавата Русинка во моментов е на одмор на Ибица, каде што беше фотографирана од папараците додека уживаше во капењето во морето.
По престојот во Грција и Италија, Ирина скокна во Шпанија, каде ужива во летниот одмор со познатиот дизајнер и нејзиниот најдобар пријател Рикардо Тиши.
View this post on Instagram
Папараците, како и секој пат, ја ловат на секој чекор, па во еден момент, додека се капела, успеале да ја фотографираат во поза која го покажала и целулитот на нејзиниот задник. Но, очигледно е дека Ирина воопшто не се оптоварува со тоа, туку ужива во одморот.
И коментарите на нејзиниот изглед се повеќе од позитивни, иако некои веднаш ја прозваа манекенката поради целулитот, па почнаа со навредливи коментари на нејзина сметка. На социјалните мрежи дури се покрена и вистинска дебата за тоа!
Сепак, многумина пишуваат дека целулитот воопшто не е важна работа, дека не треба да се настојува женското тело да биде совршено и дека Ирина изгледа „како милион долари“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram