📷 ИРИНА ШАЈК ГО ПОКАЖА СЕКСАПИЛНОТО ТЕЛО ВО ИТАЛИЈА Манекенката носи бикини со дезен што го обожаваат многу познати дами

Рускиот топмодел Ирина Шајк во моментот е на одмор на италијанскиот остров Капри, а за таа пригода одлучи да облече трендовско бикини со точки.

368

Рускиот топмодел Ирина Шајк во моментот е на одмор на италијанскиот остров Капри, а за таа пригода одлучи да облече трендовско бикини со точки.

На фотографиите што ги доби „Пејџ сикс“, Ирина носеше мало црно-бело бикини со точки. Станува збор за костим за капење од модното дуо „Долче и Габана“.






Шајк е една од многуте ѕвезди кои го со задоволство го носат трендот со точки оваа сезона. Кајли Џенер, Пријанка Чопра, Хејли Бибер и Бетини Франкел исто така неодамна го носеа овој дезен.

 


Сексапилната Ирина го искомбинирала бикинито со шапка со цветен дезен и накит, вклучувајќи ланче со крст и синџирче на половината.

Рускиот супермодел се забавуваше на плажа со својата седумгодишна ќерка Леа, која ја доби со поранешниот свршеник Бредли Купер.

 


Згодната манекенка минатата недела беше видена во Неапол, Италија, каде што снимаше кампања за „Долче и Габана“ со италијанскиот актер Микеле Мороне. Двете беа видени како се бакнуваат силно на улиците, но се разделија штом камерите престанаа да снимаат.

Поврзани содржини