Ирина Шајк „уловена“ со новото момче! Двојно е побогата од него, му го уништи бракот на Абрамович ФОТО

1,642

Ирина Шајк пред 10 месеци ја прекина врската со актерот Бредли Купер, а сега очигледно има нов партнер. Руската манекенка и супермодел, Ирина Шајк (34) го преболела своето долгогодишно момче Бредли Купер (45), а сега е во врска со трговецот на уметнички дела, Вито Шнабел (33).

Убавата манекнка е фотографирана со трговецот на уметнички дела во прошетка по Њујорк, иако градоначалникот на градот експлицитно нареди дека поради коронавирусот да излегуваат само оние што мораат.






Новопечениот пар како да не обрнува многу внимание на предупредувањето, па опуштено се шетале, со заштитните маски спуштени од лицето, а потоа отишле во станот на Вито.

Додека оделе до неговиот дом, Ирина цело време разговарала на мобилниот телефон.

Инаку, Вито е познат како згодно момче, а во врска бил со многу познати манекенки и актерки.

Една од неговите поранешни девојки е Хајди Клум, со која што бил во врска од 2014 до 2017 година. беше во врска и со актерката Амбер Херд, како и со убавицата Маделина Генеа.

Според натписите на странските медиуми, Виро ја завел и поранешната сопруга на милијардерот Роман Абрамович, Даша Жукова, додека сѐ уште бил во врска со Хајди Клум во 2017 година.

Ирина и Бредли раскинаа пред 10 месеци, поради наводната афера на актерот со пејачката Леди Гага, а тие имаат и заедничка ќерка Леа (3) над која делат рамноправно старателство.

Ексклузивните фотографии погледнете ги ТУКА.

FOTO: TheImageDirect.com/Dailymail.com

Поврзани содржини