Манекенката Ирина Шајк (34), кога не е на прошетка со тригодишната ќерка Леа, времето во изолација поради коронавирусот го поминува во својот дом, а за себе пронашла корисна занимација.
Таа се фотографираше во опуштено издание во својот кревет, вез грам шминка, додека во рацете ја држи биографијата на рускиот претседател Владимир Путин, која е дело на рускиот новинар Леонид Млечин.
Нејзиниот избор на литература во домашна изолација многумина го сфатија како нејзино јавно искажување поддршка на рускиот лидер.
Растејќи во рускиот град Јеманхелинск, Ирина се соочила со многу предизвици.
– Тоа е прекрасно е место – ако носите маска. Тоа е рударски град, но рудниците се затворени долго време – рекла убавицата за родниот град.
Но, денес, таа е една од најубавите и најпознатите жени во светот, а нејзиното богатство се проценува на 25 милиони долари.
ФОТО: Инстаграм