Ирина Шајк бега и се крие од папараците поради Канjе Вест, по романтичното патување

2,373

Супермоделот Ирина Шајк се врати од краткото романтично патување во Прованса, Франција, каде што беше со својот нов избраник, Канје Вест.

Една од најпопуларните манекенки на денешницата, Ирина Шајк и раперот Канје Вест ги поминаа изминатите неколку дена на романтичен одмор во Прованса, а папараците го снимија новиот славен пар на прошетка, со што ги потврдија шпекулациите.






Ирина и Канје им се вратија во Америка на своите обврски, а руската манекенка беше пречекана од фотографите пред нејзиниот дом во Њујорк. Ирина ја покрила главата со маица за да се скрие од папараците, но планот не ѝ успеал.

Гласините за врската помеѓу 35-годишната Ирина и 44-годишниот Канје почнаа на крајот на минатиот месец, и тоа со наводите дека се гледаат во тајност, додека тој се разведува од ријалити sвездата Ким Кардашијан речиси седум години брак.

Манекенката извесно време беше сама откако ја раскина свршувачката со актерот Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа де Сеина, пред две години. Поранешниот пар остана во добри односи поради ќерката. Пред Купер, Ирина беше пет години во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Поврзани содржини