📷 ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ ДОСТИГНУВААТ И ДО ЛОНДОН? „Новите системи ќе ги шокираат САД и Израел“
Израел објави графика која сугерира дека Иран има ракети способни да гаѓаат далечни цели низ цела Европа па сè до Обединетото Кралство. Објавата доаѓа откако две ирански ракети завршија во водите на Индискиот океан близу базата Диего Гарсија. Од друга страна, командант на иранската армија изјави дека „новите тактики и системи за лансирање“ ќе ги шокираат САД и Израел.
Израелските одбранбени сили објавија мапа што отвора сериозни прашања. Според проценката, иранските балистички ракети можат да погодат цели дури и во делови од Обединетото Кралство.
Објавата следува по обидот на Иран напад врз американско-британската база Диего Гарсија среде Индискиот Океан. Две ракети утринава завршија недалеку од островот во архипелагот Чадонг.
„Иран лансираше двостепена интерконтинентална балистичка ракета со дострел од 4.000 километри“, се наведува во соопштението за нападот.
Иранската ракета „Саџил“ има дострел до 2.000 километри. Таа е една од клучните во оперативна употреба. Системите „Гадр“ и „Емад“ дополнително го прошируваат опсегот. Со нив Иран покрива голем дел од Блискиот Исток и источниот Медитеран.
Нападните дронови „Шахед“ имаат сличен дострел. Тие се користат за извидување и директни удари. Во комбинација со ракетите, создаваат комплексен систем на закана. Насочен кон бази, инфраструктура и поморски линии.
Останува непознато која ракета била користена за Диего Гарсија.
Командант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда најави дека Иран во текот на ноќта ќе лансира повеќе ракети кон Израел.
„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека „новите тактики и системи за лансирање“ ќе ги шокираат САД и Израел.