📽️ ИРАНСКИ НАПАДИ ГО ТРЕСАТ ЈУЖЕН ИЗРАЕЛ Десетици повредени во Арад и во Димона

Во новите напади врз јужен Израел околу 30 лица се повредени во Арад, а претходно 47 во Димона. Ескалацијата ја отвори и темата за безбедноста на Ормускиот Теснец и глобалните нафтени текови.

0

Нови воздушни напади ја погодија територијата на Израел. Најмалку 5 лица се мртви, а 100 повредени, велат иранските медиуми. Во градот Арад, на југот од земјата, се повредени околу 30 лица. Службата за итна помош МДА (Маген Дејвид Адом) соопшти дека има голем број жртви. Меѓу нив и петгодишно девојче во сериозна состојба.

Паралелно, претходно беа повредени 47 лица во напад врз Димона, тајната постројка во која е центарот на израелската нуклеарна програма.  Повредите главно се од шрапнели. Едно 10-годишно момче е во сериозна состојба.






Нападот на Иран доаѓа откако претходно Израел ја нападна базата Натанц, клучна нуклеарна постројка на Иран.

Иран возврати на нападите на САД и Израел. Цели беа земјите од Персискиот Залив, енергетската инфраструктура и транспортот преку Ормускиот Теснец. Овој теснец е клучен за светската нафта. Преку него минуваат значајни делови од глобалните резерви.

 

 

Министрите за надворешни работи на Г7 најавија подготвеност за интервенција.

„Подготвени сме да преземеме неопходни мерки за поддршка на глобалните енергетски резерви“, се наведува во реакцијата.

Во заедничка изјава, министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, заедно со високиот претставник на Европската Унија, повикаа на итен и безусловен прекин на сите напади од страна на, како што велат, иранскиот режим.

Меѓународната агенција за енергија претходно ослободи 400 милиони барели резерви на нафта. Оваа мерка е насочена кон ублажување на недостатоците во снабдувањето предизвикани од растечките тензии и заканите за транспортот на енергенси.

Поврзани содржини