ИРАНСКИ, ИНДИСКИ И КИНЕСКИ БРОДОВИ СЛОБОДНО ПОМИНУВААТ НИЗ ТЕСНЕЦОТ ОРМУЗ Американците велат дека „засега“ ги пропуштаат

Станува збор за природно отворање кое Иранците го дозволуваат. И засега, ние сме согласни со тоа. Сакаме светот да биде добро снабден - рече американскиот министер Бесент.

79

 Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД „засега“ не се противат дел од танкерите со нафта да поминуваат низ Ормускиот Теснец, со цел да се одржи стабилноста на глобалното снабдување со енергенси, пишува „Скај њуз“. Сепак, Бесент не прецизирал колку долго би можел да трае конфликтот, ниту кога се очекува теснецот целосно да биде отворен за сообраќај, објавува „Си-ен-би-си њуз“.

Гостувајќи на телевизијата „Си-ен-би-си њуз“, Бесент подетално ја објаснил ситуацијата.






– Гледаме дека сè повеќе танкери со гориво почнуваат да минуваат. Ирански бродови веќе испловуваа, што и го дозволивме за да се снабди остатокот од светот. Сега гледаме и индиски бродови, а веруваме дека поминале и некои кинески – рекол тој.

– Тој сообраќај треба дополнително да се зголеми и пред во Заливот да се појават какви било флоти или заштитни поморски сили. Затоа сметаме дека станува збор за природно отворање кое Иранците го дозволуваат. И засега, ние сме согласни со тоа. Сакаме светот да биде добро снабден – додал американскиот министер.

Запрашан за временската рамка што ја предвидува Вашингтон за завршување на судирите, Бесент бил неодреден.

– Не знам колку недели ќе трае — рекол тој.

Од друга страна, Доналд Трамп објави дека врши притисок врз „најмалку седум“ држави за да ги засилат напорите за обезбедување и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Поврзани содржини