ИРАНСКИ ХАКЕРИ Ѝ СЕ ЗАКАНУВААТ НА АЛБАНИЈА „Имаме право да го бомбардираме кампот на муџахедините кај Драч“

Заканата доаѓа откако вчера веб-страната на општина Тирана беше мета на иранските хакери од истата група, кои ја презедоа одговорноста, барајќи од Албанија да ги протера Муџахедините.

922

Иранската хакерска група „Татковинска правда“ се врати во центарот на вниманието, откако почна да дистрибуира заканувачки материјали против Албанија на социјалните медиуми.

Земајќи го во предвид конфликтот меѓу Иран и Израел, кој започна минатиот петок, „Татковинска правда“ објави заканувачка порака поврзана со улогата на Албанија во засолнувањето на членовите на муџахединската организација МАК сместени во кампот Манз, кај Драч, објави euronews.al.






Во соопштението дистрибуирано преку платформата Телеграм, групата нагласува дека „Иранците имаат право да го нападнат кампот Манз со ракети“.

Заканата доаѓа откако вчера веб-страната на општина Тирана беше мета на иранските хакери од истата група, кои ја презедоа одговорноста, барајќи од Албанија да ги протера Муџахедините.

Мета на серија хакерски напади во јули 2022 година беа  албанската влада, државни и други институции, објавувајќи потоа и лични податоци на албански граѓани, меѓу нив и функционери.

На почетокот на септември истата година Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран и им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа. Албанскиот премиер Еди Рама тогаш изјави дека тоа е одговор на иранските кибер напади.

Поврзани содржини