Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“ или „Иранска Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеле скоро половина милион луѓе.

– Секоја нова фотографија ја уредувам сè повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешно. Тоа е форма на изразување, уметничка форма. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице – рече тинејџерката во 2017 година.

Првите обвиненија против неа вклучувале богохулење, поттикнување на насилство и постапување со несоодветни средства, но таа била ослободена од обвинението.

Иранската државна телевизија го емитувала нејзиното покајание кон крајот на октомври минатата година, а снимката предизвика голема симпатија во јавноста. Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала од ментална болест и дека во последните десет години посетувала психијатриски институции, но судот сепак одлучи да ја осуди на 10 години затвор.

Во април, таа се зарази со коронавирус во затворот и заврши во болница поради тешкотии при дишењето.

Сахар сè уште се надева на помилување, па не сака да коментира ништо, пишува Гардијан.