ИРАНЦИТЕ ЗА ПРВПАТ УПОТРЕБИЈА РАКЕТА „СЕЏИЛ“ Овој тип ракети имаат домет од 2.000 до 2.500 километри
Со дострел од околу 2.000 километри, ова оружје може да достигне цели во Израел, Саудиска Арабија и Турција.
Иранските вооружени сили денеска за првпат употребија ракетата земја-земја од типот „Сеџил“, која има домет од 2.000 километри објави Иранската револуционерна гарда (ИРГК).
„54-от бран од операцијата „Вистинско ветување 4“ беше спроведен со употреба на супертешки ракети „Корамшар“ со двотонска боева глава, „Кадр“, „Хејбаршекан“, „Емад“, и за првпат за време на оваа операција, стратешката ракета со цврсто гориво „Сеџил“, се наведува во објавата.
Ракетата „Сеџил“ има значајна стратешка улога затоа што користи цврсто гориво, што овозможува многу побрзо лансирање во споредба со ракетите што работат на течно гориво. Со ракетата „Сеџил“, Иран добива можност за многу побрзо лансирање, за често преместување на лансирните платформи и за значително намалување на времето за предупредување на потенцијалните цели.
Со дострел од околу 2.000 до 2.500 километри, ово тип ракети може да достигнат цели во Израел, Саудиска Арабија, Турција, Кипар. Ракетата првпат беше тестирана во 2008 година, а подоцна беше унапредена во верзијата „Сеџил 2“, која има подобрени системи за наведување и поголем дострел. Во стратегиска смисла, Сеџил се смета за ракета од нова генерација што постепено треба да ги замени постарите ирански ракети на течно гориво, како што е „Шахаб 3“.