ИРАН ВЕТИ ДЕКА НЕМА ДА ГИ НАПАЃА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ Претседателот Пезешкијан им се извини на соседите

Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји - рече Пезешкијан.

142

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји.

– Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји – рече Пезешкијан во говорот емитуван на државната телевизија.






Тој им се извини на соседните земји што ги нападна Иран, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање на Техеран е „сон што треба да го однесат со себе во гроб“.

САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во саботата, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.

Поврзани содржини