ИРАН ТВРДИ ДЕКА ИЗВРШИЛ НАЈГОЛЕМ НАПАД ДОСЕГА Ракети и дронови врз Израел и врз американските бази во Персискиот Залив

Израелската противвоздушна одбрана синоќа пресретна дел од проектилите, а дел погодија цели во Тел Авив. 

449

Иран и утрово продолжи со ракетните напади врз американските бази „Ал Удеид“ во Катар, „Кам Арифџан“ во Кувајт и „Харир“ во Ирак, објави Корпусот на Исламската револуционерна гарда преку мрежата X, а иранските вооружени сили во текот на ноќта извршија масовен бран напади со ракети и со дронови врз Израел и повеќе држави во Персискиот Залив.

Државната иранска агенција ИСНА објави дека е извршен и „моќен напад“ врз американската Петта флота во регионот и дека „оперативната инфраструктура на американската армија е уништена“.






Во посебно соопштение беше истакнато дека синоќа е извршена најдеструктивната и најголемата операција од почетокот на војната.

Досега нема изјави од американските претставници.

Саудиска Арабија објави дека пресретнала и уништила две беспилотни летала кои се движеле кон нафтено поле. Сирени се огласија и во Бахреин, каде што се наоѓа Петтата флота на САД.

Израелската противвоздушна одбрана синоќа пресретна дел од проектилите, а дел погодија цели во Тел Авив.

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија за синоќешниот напад соопшти дека нивните сили пресретнале 7 балистички ракети и 7 дронови над различни делови на кралството. Слични извештаи пристигнаа и од Кувајт, каде се соборени 4 беспилотни летала, а Обединетите Арапски Емирати ги активираа своите одбранбени системи и апелираа до граѓаните да останат во своите домови.

Ситуацијата во регионот останува крајно напната со постојана опасност од нови воздушни удари.

Breaking 🚨🚨: After Trump announced the ceasefire, an Iranian missile has now fallen on the Zionist Ministry of Security. pic.twitter.com/Nyl913FPDU

Поврзани содржини