ИРАН СЕРИОЗНО ПОДДРЖУВА СВЕТ БЕЗ ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ Министерот Аракчи потсети на иранскиот напад со хемиско оружје врз Сардашт

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, соопшти дека Иран, како најголема жртва на хемиско оружје во поновата историја, доследно се залага за свет без оружје за масовно уништување. Тој истакна дека Техеран е меѓу водечките иницијатори за нуклеарно разоружување на Блискиот Исток и дека земјата отсекогаш била на првата линија во борбата против вакви закани.

423

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека неговата земја, како најголема жртва на хемиско оружје во модерната историја, постојано била на чело на борбата против оружјето за масовно уништување, објави иранска новинска агенција.

Министерот издаде соопштение по повод 38-годишнината од монструозниот хемиски напад од страна на режимот на Садам Хусеин во Ирак против беспомошните жители на градот Сардашт во северозападен Иран (за време на иранско-ирачката војна во 1980-те години на минатиот век), а го одбележа и Националниот ден на борба против хемиското и биолошкото оружје.






„Исламската Република Иран, која е најголемата жртва на хемиско оружје во модерната историја, е силен поддржувач на свет без оружје за масовно уништување и иницијатор за ослободување на Блискиот Исток од нуклеарно оружје. Земјата отсекогаш била на чело на борбата против овој вид оружје“, се вели во соопштението.

Арагчи изрази надеж дека, благодарение на заедничките напори и решителноста, ќе дојде ден кога никој нема да стане жртва на оружје за масовно уништување, а мирот и пријателството ќе триумфираат над војната и насилството.

Поврзани содржини