Иран сака да инвестира во Македонија

На состанокот, како што информира, владината прес-служба, е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

614

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Иран Сејед Мохамед Џавид Расули на која е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

Амбасадорот Расули, задолжен за Северна Македонија од Софија, како што се наведува во соопштението, информира дека за време на неговиот двегодишен мандат во Бугарија, за два и пол пати ја зголемил економската соработка помеѓу Бугарија и Иран и дека иранските бизнисмени се заинтересирани за инвестирања на нови пазари и конкретно во Северна Македонија.






– Ние сме фокусирани на развивањето на меѓународните односи во рамките на нашите стратешки цели, НАТО и Европската унија, но како држава којашто се стреми да отвора економски перспективи, градиме пријателства во целиот свет. Покажавме дека сме мирољубива мултиетничка држава, симбол на пријателствата и на мирот, пример за мирот и стабилноста и уверени сме дека сите овие политики допрва ќе придонесат за силниот развој на економски план, на што работиме. Во таа насока, сме заинтересирани да ја унапредуваме економската соработка и со Иран и гледаме можности за тоа – рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека има можности за соработка во земјоделството и во културата, како и во областа на индустријата и градежништвото, земајќи ги предвид соопштените податоци дека Иран е секогаш меѓу првите две држави во производството на нафта и гас, но и во првите пет држави по бројност на рудници за злато, сребро и слично. Договорено е да им се помогне на стопанствениците од двете држави да ја воспостават или унапредат меѓусебната соработка, се додава во соопштението.

Поврзани содржини
na