ИРАН СТОИ ЗАД АТЕНТАТОТ НА ТРАМП?! Тајната служба добила повик, па го предупредила тимот на републиканците

Американските обвинители веруваат дека заговорот против советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, најверојатно е одмазда за убиството на командантот Касим Сулејмани на Иранската револуционерна гарда од 2020 година. На мета на Иран беше и поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео.

1,738

Американските власти во последните недели добиле разузнавачки информации за заговор за атентат на Доналд Трамп кој доаѓа од Иран. Затоа Тајната служба на САД ја зголеми безбедноста околу поранешниот претседател во последните неколку недели, јави Си-Ен-Ен.

Извори запознаени со ситуацијата за Си-Ен-Ен рекле дека засега нема индиции дека 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој се обиде да го убие поранешниот претседател во саботата, е поврзан со заговорот.






Но, информациите покренуваат нови прашања за безбедносни пропусти на саботниот митинг во Пенсилванија.

Покрај тоа што не е јасно како 20-годишникот успеал да стигне до покривот на зградата од која можел да пука во Трамп, не е познато ниту дали информацијата за заканата од Иран била пренесена на кампањата на Трамп.

„Не ги коментираме безбедносните детали на претседателот Трамп. Сите прашања треба да се упатат до Тајната служба на САД“, велат организаторите на кампањата на Трамп.

Претставниците на Тајната служба постојано го предупредувале тимот од кампањата на Трамп за одржувањето митинзи на отворено, кои претставуваат настани од поголем ризик за разлика од оние каде службата има подобар пристап.

Предупредувањата биле од општа природа, велат изворите.

Во еден момент од овој изборен циклус, претставниците на кампањата престанале да организираат спонтани неофицијални настани каде Тајната служба не можела да ги прегледува гостите и да спроведе други безбедносни мерки.

Но, зошто Иран? Иран постојано ветува дека ќе се одмазди за убиството на Касем Сулејмани, командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на иранската армија, кој беше убиен од американската војска во јануари 2020 година.

Во август 2022 година, американското Министерство за правда објави кривична пријава против член на корпус за наводен заговор за атентат врз Џон Болтон, советникот на Трамп за национална безбедност.

Американските обвинители веруваат дека заговорот против Болтон најверојатно е одмазда за убиството на Сулејмани. На мета на Иран беше и поранешниот државен секретар Мајк Помпео. Американските валсти со месеци се загрижени поради постојаните закани од Иран, поточно за обидите за убиство на Трамп и неговите службеници.

Поврзани содржини