СЕ СПРЕМА СОЈУЗ ОД ПЕКОЛОТ Иран ѝ праќа стотици дронови на Русија, Путин ќе патува во Техеран

Купувањето беспилотни летала од Иран сигнализира дека Русија е очајна, нема избор поради економската изолација, вели за Политико американски функционер запознаен со ситуацијата. Според него, стотици дронови е „значителна“ сума. Се смета дека Иранците брзо ќе ги обучат Русите да ги користат дроновите.

2,305

Стотици дронови и беспилотни летала способни да пукаат веројатно веќе ѝ испратил Иран на Русија, потврди американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан. Тој дека САД имаат информации дек Иран се подготвува да ги обучува Русите за да ги користат дроновите, пишува Политико. Се очекува рускиот лиер Владимир Путин идната недела да го посети Иран, а тој и лично се сретна со иранскиот престедател Ибрахим Раиси минатиот месец. На состанокот треба да присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Нашите информации покажуваат дека иранската влада се подготвува да испорача до неколку стотици дронови, вклучително и беспилотни летала способни за оружје, во Русија, по забрзан распоред – рече Саливан.






Денеска Џо Бајден патува во Израел и Саудиска Арабија, каде што нуклеарната програма на Иран ќе биде една од главните теми на разговор.

– Руските сили во голем број губат извидувачки беспилотни летала. Нивниот сопствен производствен капацитет за вооружени беспилотни летала сè уште е во зародиш – изјави Мајкл Кофман, директор на истражувачката Програма за студии за Русија во Центарот за поморски анализи.

– Можеби се заинтересирани за ирански лутачки муниции или борбени беспилотни летала. Ова е една област каде Иран може да има поголем капацитет – додава тој.

Купувањето беспилотни летала од Иран сигнализира дека Русија е очајна, нема избор поради економската изолација, вели за Политико американски функционер запознаен со ситуацијата. Според него, стотици дронови е „значителна“ сума.

 

Поврзани содржини