ИРАН ПОТВРДИ ДЕКА ЛАРИЏАНИ И СОЛЕЈМАНИ СЕ УБИЕНИ Шефот на националната безбедност загинал во воздушен напад врз Техерн

Врховниот совет за национална безбедност на Иран објави дека „по живот исполнет со борба за издигнување на Иран и на Исламската револуција, Лариџани конечно ја исполни својата долгогодишна желба и гордо го достигна благословениот ранг на маченик“.

1,513

Иранските државни медиуми потврдија дека се убиени шефот на националната безбедност на земјата, Али Лариџани и командантот на внатрешната иранска милиција Басиџ, Голамреза Солејмани.

Израел претходно денеска објави дека Лариџани е убиен во синоќешниот напад врз Техеран. Од Иран првично информациите беа дека тоа не е вистина, а на социјалните мрежи беше објавена рачно напишана порака од Лариџани.






Некои медиуми објавија и дека во нападот е убиен и синот на Лариџани.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран издаде соопштение преку агенцијата Мехр:

„По живот исполнет со борба за издигнување на Иран и на Исламската револуција, тој конечно ја исполни својата долгогодишна желба и гордо го достигна благословениот ранг на маченик“.

Официјалната потврда на Иран за неговата смрт, следува по потврдата за смртта на командантот Солејмани.

Во соопштението објавено од иранската новинска агенција Тасним, Иранската револуционерна гарда објави дека командантоот Солејмани е убиен во „напад од страна на американско-ционистичкиот непријател“.

Голам Реза Солејмани 6 години беше командант на Басиџ, доброволна паравоена сила во рамките на ИРГЦ.

Поврзани содржини