ИРАН ПОГУБИ 18-ГОДИШНИК Хатами учествувал во протести и пробал да набави оружје

Амнести Интернешнл соопшти дека Хатами бил дел од група од 11 лица кои биле изложени на тортура и малтретирање во притвор. Организацијата тврди дека пресудите се донесени врз основа на присилни признанија. Случајот е дел од пошироката репресија по антивладините протести што избувнаа во јануари.

0

Иранските власти погубија 18-годишен маж поврзан со антивладините протести. Станува збор за Амирхосеин Хатами, кој бил осуден по судска постапка што според меѓународни организации е спорна.

Според државните медиуми, тој признал дека учествувал во напад врз воен објект во Техеран и дека се обидел да набави оружје. Жалбата му била одбиена, а пресудата ја потврдил Врховниот суд.






Амнести Интернешнл соопшти дека Хатами бил дел од група од 11 лица кои биле изложени на тортура и малтретирање во притвор. Организацијата тврди дека пресудите се донесени врз основа на присилни признанија.

Според нив, станува збор за груби и неправедни судења кои не ги исполнуваат основните стандарди за фер постапка.

Случајот е дел од пошироката репресија по антивладините протести што избувнаа во јануари. Иранските власти спроведоа една од најголемите акции против демонстрантите во последните години.

Судството во Иран соопшти дека изречените казни веќе се спроведуваат.

Претходно, на  19 март, на социјалните мрежи се појави веста дека Иран го погуби 19-годишниот шампион во борење Салех Мохамади со брутално јавно бесење. Мохамади исто така бил учесник во протестите.

Поврзани содржини