🎥 ИРАН ПОГОДИ АМЕРИКАНСКИ СТЕЛТ БОРБЕН АВИОН Ф-35 Ловецот принудно слета, пилотот е жив

Капетанот Тим ​​Хокинс, портпарол на американскиот команден центар, потврди дека авионот од петта генерација вршел борбена мисија над Иран кога морал да изврши итно слетување.

58

Американски стелт борбен авион Ф-35 изврши итно слетување во американска воздухопловна база на Блискиот Исток откако беше погоден од ракета за која се верува дека потекнува од Иран, изјавија за Си-Ен-Ен два извора запознаени со ситуацијата.

Капетанот Тим ​​Хокинс, портпарол на американскиот команден центар, потврди дека авионот од петта генерација „вршел борбена мисија над Иран“ кога морал да изврши итно слетување. Хокинс додаде дека авионот слета безбедно.






– Авионот слета безбедно и пилотот е во стабилна состојба. Овој инцидент е под истрага – рече Хокинс.

Американскиот министер за војна Пит Хегсет претходни денеска изјави дека  САД „дефинитивно победија“ и дека иранските системи за воздушна одбрана се „целосно уништени“.

Еден авион Ф-35 чини 100 милиони долари.

Поврзани содржини