ИРАН ПОДГОТВУВА КОНТРА-ПЛАН НА АМЕРИКАНСКИОТ ПЛАН ОД 15 ТОЧКИ Техеран бара воена отштета, контрола врз Ормуз и гаранции дека нема да биде нападнат повторно

Иранските државни медиуми наведоа 5 услови на Техеран за ставање крај на војната

113

Иран ќе одговори на американскиот мировен план од 15 точки, јави Си-Би-Ес Њус, повикувајќи се на свои извори.

Американскиот претседател Доналд Трамп и највисоките претставници на Белата куќа биле информирани дека иранскиот контра-предлог најверојатно ќе пристигне во текот на денешниот ден, објави медиумот.






Ова следува откако американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека „земји посредници“ пренесуваат пораки, тврдејќи дека е постигнат „одреден конкретен напредок“.

Предложениот американски план од 15 точки вклучув крај на иранската нуклеарна програма, крај на програмата за балистички ракети и прекин на поддршката на Иран за „прокси милициите“ како Хутите во Јемен и Хезболах во Либан.

Првично Иран целосно го отфрли американскиот план, нарекувајќи го „претеран“. Меѓутоа, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи подоцна за државната телевизија изјави дека „одредени идеи“ им биле предложени на високите лидери на земјата – и „доколку треба да се заземе став, тој со сигурност ќе биде одреден“.

Иранските државни медиуми наведоа 5 услови на Техеран за ставање крај на војната, кои вклучуваат исплата на воена отштета, меѓународно признавање на „сувереното право на Иран да има власт над Ормусииот Теснец и гаранција дека Иран нема да биде нападнат повторно.

НА ИРАН ЌЕ МУ СЕ УКИНАТ СИТЕ САНКЦИИ АКО СЕ ОТКАЖЕ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ Еве кои се 15-те точки од планот на САД за крај на војната

Поврзани содржини