ИРАН НУДИ НАГРАДА ОД 66.100 ДОЛАРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПИЛОТ Голем број вооружени цивили тргнаа во потрага
Износот на наградата значително ја надминува просечната месечна плата во Иран, која се проценува дека изнесува од 200 до 300 долари.
Иранските државни медиуми објавија дека властите нудат награди од околу 66.100 долари за граѓаните кои ќе помогнат во пронаоѓање на пилотот на срушениот американски авион.
Каналите поврзани со иранската држава ги повикаа граѓаните да „го фатат жив пилотот“, се наведува во извештаите, објави Би-Би-Си.
Износот на наградата значително ја надминува просечната месечна плата во Иран, која се проценува дека изнесува од 200 до 300 долари.
Кратко по објавувањето, почнаа да циркулираат видеа на кои се гледаат вооружени цивили во јужните провинции како го бараат членот на екипажот на американскиот авион.
Според извештаи на меѓународни медиуми, над Иран бил соборен американски Ф-15. Во тек е операција за пребарување и спасување, а според дел од наводите, еден член од екипажот е пронајден, но без официјална потврда.
Според извештаите, во борбените авиони има по двајца пилоти.