ИРАН НАПАДНА СО НАД 1.700 ДРОНОВИ И 345 РАКЕТИ Загинаа цивили и војници, заливските земји под закана

Новата серија напади од Иран ја зголеми напнатоста во заливските земји, со стотици пресретнати ракети и дронови и десетици загинати и повредени.

1,576

Нов напад од Иран ја зголеми тензијата во регионот, повеќе од три недели по почетокот на конфликтот со САД и Израел

Граѓанската одбрана на ОАЕ соопшти дека системите за противвоздушна одбрана се активирани и одговориле на ракетната закана. Министерството за одбрана на Емиратите наведува дека досега се пресретнати 345 ракети, 15 крстосувачки ракети и над 1.700 дронови. Во нападите животот го загубија двајца војници и шест цивили, а повеќе од 160 лица се повредени.






Во Саудиска Арабија, неколку дронови беа пресретнати над нафтените полиња на истокот, еден проектил падна во близина на Ријад, а два завршија на отворени терени. Во Бахреин, досега се пресретнати над 140 ирански проектили и над 240 дронови.

Покрај тоа, Катар објави дека седум лица загинале при пад на воен хеликоптер во територијалните води поради технички проблем за време на рутинска мисија.

Конфликтот ја држи напната ситуацијата во целата заливска област, а меѓународната заедница го следи развојот со загриженост.

Поврзани содржини