ИРАН МОБИЛИЗИРАЛ НАД МИЛИОН ВОЈНИЦИ ЗА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД КОПНЕНА ИНВАЗИЈА? Трамп е блиску до таква одлука, но му даде и нов рок на Техеран

Американскиот претседател Доналд Трамп е сè поблиску до започнување голема копнена операција против Иран, убеден дека таков воен притисок ќе го принуди Техеран да капитулира, тврди функционер од една од земјите што посредуваат меѓу Вашингтон и Техеран, пишува „Тајмс оф Израел“.

2,842

Иран мобилизираше повеќе од милион борци во подготовка за можен копнен конфликт со Соединетите Американски Држави, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на воен извор.

Мобилизацијата доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот и растечки шпекулации за можна американска копнена воена операција во јужен Иран, особено околу стратешки важниот Ормуски Теснец.






Многу млади Иранци сакаат да се приклучат на војската

Ирански воен извор изјави дека има зголемување на волонтерите, при што многу млади Иранци сакаат да се приклучат на војската. Мобилизацијата, како што ја опишале официјалните лица, одразува „бран на ентузијазам“ за спротивставување на каква било можна копнена инвазија од страна на САД.

– Неодамна видовме зголемување на апликациите од млади Иранци кои сакаат да се приклучат на Басиџ, Корпусот на исламската револуционерна гарда и армијата за да се борат – наводно рекол изворот.

Иран изјави дека е подготвен да се спротивстави на секој обид на американските сили за насилно повторно отворање на Ормускиот Теснец, водниот пат кох е клучен за глобалниот транспорт на нафта.

– САД сакаат да го отворат теснецот во самоубиствен потег. Тоа не е проблем за нас. Ние сме подготвени да ја спроведеме нивната стратегија и да обезбедиме теснецот да остане затворен – рече изворот.

На Блискиот Исток има 50.000 американски војници

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран е под притисок да постигне договор. Во меѓувреме, Централната команда на САД потврди дека околу 50.000 американски војници се стационирани низ Блискиот Исток. Овие сили се распоредени во бази во Персискиот Залив и блиските стратешки локации, обезбедувајќи поддршка за воздушни напади, системи за ракетна одбрана и поморски операции.

„Тајмс оф Израел“ објави дека Трамп се приближува кон одлука за копнена инвазија..

„Американскиот претседател е сè поблиску до започнување голема копнена операција против Иран, убеден дека таков воен притисок ќе го принуди Техеран да капитулира“, тврди функционер од една од земјите што посредуваат меѓу Вашингтон и Техеран“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Станува збор за функционер кој е директно запознаен со текот на преговорите и проценките во рамките на американската администрација, според израелскиот весник.

САД подготвуваат инвазија на островот Харг

Според него, САД приватно признаваат дека Иран веројатно нема да ги прифати условите од американскиот план од 15 точки, кој Вашингтон го претстави како рамка за завршување на војната. Затоа, тврди истиот извор, Вашингтон, по директна наредба на Трамп, веќе испратил илјадници војници во регионот со цел да го заземе иранскиот остров Харг, кој е клучен за извозот на нафта.

Островот Харг е стратешки важен бидејќи поголемиот дел од извозот на нафта на Иран поминува низ него, па затоа неговото заземање би им дало на САД силна предност во понатамошниот притисок врз иранскиот режим.

Друг функционер од една од земјите посреднички предупредува дека, иако американските сили би можеле релативно брзо да го окупираат островот, неговата долгорочна окупација би барала значително поголем број војници и подолг период на борба. Според него, ова би ги надминало четирите до шест недели што Вашингтон претходно ги претстави како очекувано времетраење на војната.

Двата извори од земјите посреднички се согласуваат за едно – Иран, без оглед на можна копнена инвазија, веројатно нема да се предаде. Напротив, тие веруваат дека Техеран нема ни да се согласи со условите што претходно ги одби пред да започне војната.

Ова дополнително ја доведува во прашање претпоставката на Вашингтон дека зголемениот воен притисок би довел до брзо политичко решение.

Трамп му даде нов рок на Иран

Во меѓувреме, Трамп денеска објави на социјалната мрежа Трут соушл дека, „на барање на иранската влада“, ќе ги суспендира нападите на енергетските капацитети на Иран за период од 10 дена. Тој изјави дека новиот рок истекува на 6 април во 20 часот по источно време. Додаде дека преговорите меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот се во тек и дека, и покрај тврдењата на „лажните медиуми“, тие „напредуваат многу добро“.

Фото: Принтскрин

 

Се очекува дополнителни американски маринци да пристигнат во регионот околу овој нов рок, што укажува на можноста за ескалација на конфликтот во наредните денови.

Иран е подготвен на секакви сценарија

Командантот на Копнената армија на Иран, генерал Али Џаханшахи, пак, денеска ги предупреди САД да не помислуваат на копнен напад бидејќи тоа за нив би било „поопасно и поскапо“.

– Силите на иранската армија цврсто стојат на одбранбените линии и ќе го онеспособат непријателот. Секој сантиметар од иранската територија е под заштита на будните ирански сили, кои ги следат сите движења на непријателот и се подготвени за секаков сценарио – посочи Џаханшахи.

Според разузнавачи информации, Иран поставува стапици и изминатите две недели прераспореди дополнителни воени сили и воздушна одбрана на островот Харг, како подготовка за евентуалната операција на САД.

Американски претставници и воени аналитичари предупредуваат дека копнена операција врз Иран има значителни ризици, вклучително и голем број американски жртви.

Иранските воени претставници предупредија дека Иран ќе стане „гробница за американски војници“ во случај на копнена инвазија.

Поврзани содржини