Иран/Ковид-19: Речиси половина од владините службеници во домашна изолација

Во Иран има вкупно 24.811 заразени. Како друга мерка за спречување на епидемијата, властите одлучија дека привременото ослободување на затворениците ќе биде продолжено до 18 април.

274

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека речиси половина од сите владини службеници останале дома како дел од мерките за борба против ширењето на епидемијата на коронавирусот, јави државната телевизија.

Иран е една од земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19 заедно со Италија, Кина и Шпанија.






Властите сопштија денеска за 122 смртни случаи од Ковид-19, и според официјалните бројки, бројката на починати сега е 1.934.

Според портпаролот на Министерството за здравство, потврдени се 1.762 нови инфекции – дневен рекорд – во изминатите 24 часа. Во Иран има вкупно 24.811 заразени.

Како друга мерка за спречување на епидемијата, властите одлучија дека привременото ослободување на затворениците ќе биде продолжено до 18 април.

Поврзани содржини