ИРАН КОРИСТИ КИНЕСКИ ШПИOНСКИ САТЕЛИТ ЗА ПРЕЦИЗНО ДА ГИ ГАЃА АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ За Пекинг тоа е „чиста измислица“
Според извештајот, во кој се цитираат класифицирани ирански воени документи, сателитот TEE-01B, изграден и лансиран од кинеската компанија Earth Eye Co, бил преземен од воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда кон крајот на 2024 година, откако беше лансиран во вселената од Кина.
Кина ги отфрли медиумските извештаи дека му обезбедува воена поддршка на Иран, а портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан ги нарече „чиста измислица“. Пекинг, исто така, предупреди дека ќе „одговори со контрамерки“ ако САД воведат дополнителни тарифи врз основа на овие обвинувања, објавија Си-Ен-Ен и Њујорк тајмс.
Џиан не прецизираше на кои медиумски извештаи се осврнува.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски разузнавачки извори, објави дека Кина се подготвува да испорача нови системи за воздушна одбрана на Иран во наредните недели. Њујорк тајмс, исто така, повикувајќи се на американски претставници, објави дека разузнавачките агенции проценуваат дали Кина можеби веќе го снабдила Иран со преносни противвоздушни ракети во текот на изминатите неколку недели.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе дополнителни тарифи од 50 проценти на кинески стоки ако таа разузнавачка проценка се покаже како точна.
Фајненшл тајмс, повикувајќи се на разузнавачки извори, денеска објави дека Иран користел кинески шпионски сателит за презизно таргетирање на американските воени бази на Блискиот Исток за време на тековниот воен конфликт. Информацијата ја објави и „Ројтерс“. Засега нема официјална потврда од Вашингтон, Пекинг или од Техеран.
Според медиумите, Иран имал пристап до снимки од кинески шпионски сателит што овозможиле многу попрецизно одредување на целите. Не станува збор само за општ надзор, туку и за податоци што би можеле да помогнат во изборот на специфични цели и во планирањето на нападите.
Media reports accusing China of providing military support to Iran are purely fabricated.
If the U.S. goes ahead with tariff hikes on China on the basis of these accusations, China will respond with countermeasures. pic.twitter.com/QwETjpJEyY
— Lin Jian 林剑 (@SpoxCHN_LinJian) April 15, 2026
Доколку ова се потврди, тоа би значело значителна промена во можностите на Иран, кои досега се потпираа на комбинација од сопствено извидување, беспилотни летала и ограничени сателитски податоци. Оваа информација доаѓа по серија претходни извештаи што сугерираат дека Кина, иако официјално неутрална, веќе некое време индиректно му помага на Иран преку технолошки и разузнавачки способности.
Американските разузнавачки кругови претходно предупредија дека кинеските компании објавуваат многу детаљни сателитски снимки од американските воени објекти на Блискиот Исток. Овие снимки често дополнително се обработуваат со помош на вештачка интелигенција, што ги прави значително покорисни за анализа и за воено планирање.
Според извештајот, во кој се цитираат класифицирани ирански воени документи, сателитот TEE-01B, изграден и лансиран од кинеската компанија Earth Eye Co, бил преземен од воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда кон крајот на 2024 година, откако беше лансиран во вселената од Кина.
Иранските воени команданти го насочија сателитот да ги следи клучните американски воени локации, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на временски обележани листи со координати, сателитски снимки и експертска анализа. Сликите се направени во март пред и по нападите со беспилотни летала и ракети врз локациите, објави медиумот.
Ројтерс не можеше да го потврди извештајот. Белата куќа, ЦИА, Пентагон, кинеските министерства за надворешни работи и за одбрана, Earth Eye Co и Emposat не одговориле на барањата на Ројтерс за коментар.
Според извештајот, како дел од договорот на иранските сили им бил даден пристап до комерцијални копнени станици управувани од „Емпосат“, провајдер со седиште во Пекинг за услуги за управување и пренос на податоци преку сателит, со мрежа што ги опфаќа Азија, Латинска Америка и други региони.
Сателитот направил снимки од воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија завчера, вчера и денеска, објави „Фајненшл тајмс“.
Трамп вчера потврди дека американските авиони во базата биле погодени.
Во извештајот, исто така, се вели дека сателитот ја следел воздухопловната база „Мувафак Салти“ во Јордан.
Исто така, ги следел локациите во близина на американската поморска база на Петтата флота во Манама, Бахреин и аеродромот Ербил во Ирак, во времето кога иранските сили нападнаа објекти во тие области.