ИРАН ИМА 7 МИЛИОНИ ПРИЈАВЕНИ ДОБРОВОЛЦИ Техеран тврди дека има масовна подготвеност за мобилизација

Претседателот на иранскиот парламент тврди дека милиони граѓани се подготвени да се мобилизираат, додека државните медиуми повикуваат доброволци.

197

Околу седум милиони жители на Иран се подготвени доброволно да се мобилизираат во случај на можна копнена инвазија од САД, изјави претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф.

„Во моментов, за помалку од една недела, силната национална кампања што ја зафати земјата привлече околу седум милиони Иранци кои веќе се јавија и изјавија дека се подготвени да се вооружат и да застанат во одбрана на нашата нација“, напиша Калибаф на својот профил на X.






Американските медиуми наведуваат дека Калибаф не прецизирал од каде потекнуваат овие податоци. Истовремено, се посочува дека во Иран се води кампања преку државните медиуми и СМС-пораки со кои граѓаните се повикуваат да се пријават како доброволци.

Иранските власти, исто така, ги повикале пензионираните војници да се мобилизираат. Според извештаите, милицијата Басиџ, која функционира во рамките на Ирански корпус на револуционерна гарда, започнала да прифаќа нови доброволци.

Во меѓувреме, од Вашингтон е најавено дека Калибаф се разгледува како потенцијален партнер во евентуални преговори меѓу САД и Иран.

Поврзани содржини