ИРАН ГО ЗГОЛЕМУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗБОГАТЕН УРАНИУМ Три европски земји и САД упатија предупредување
Меѓународната агенција за атомска енергија во извештајот објавен во вторникот објави дека Иран го зголемил производството на високо збогатен ураниум.
Франција, Германија, Велика Британија и САД денеска го критикуваа Иран за зголемување на производството а збогатен ураниум, што оваа недела го потврди Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Го повикуваме Иран веднаш да ги повлече овие чекори и да ја деескалира својата нуклеарна програма“ – порачаа овие четири земји во заедничка изјава.
„Остануваме посветени на дипломатско решение и ја потврдуваме нашата решеност дека Иран никогаш не смее да развие нуклеарно оружје“ – се истакнува во реакцијата.
Меѓународната агенција за атомска енергија во извештајот објавен во вторникот објави дека Иран го зголемил производството на високо збогатен ураниум, поништувајќи ги намалувањата на производството од средината на 2023 година.