ИРАН ГО ЗАБРАНИ „СТАРЛИНК“ И ВОВЕДЕ СМРТНА КАЗНА ЗА ШПИОНАЖА Камшикување или затвор за корисниците на технологијата на Илон Маск

„Старлинк“ претставува една од малкуте алтернативи за пристап до интернет во Иран за време на државно наметнатите прекини, какви што беа воведени неодамна за време на конфликтот со Израел. Властите честопати го исклучуваат интернетот со цел да го ограничат ширењето информации и да ги задушат протестите или потенцијалните немири во услови на зголемени тензии.

647

Иранскиот парламент изгласа забрана за користење „Старлинк“, сателитската интернет услуга на Спејс Икс на милијардерот Илон Маск, јави денеска новинската агенција ИСНА.

Според законот, прекршувањата би можеле да бидат казнети со парични казни, камшикување или со казна до 2 години затвор.






Како што пренесе ДПА, нејасно е колку широко се користи „Старлинк“ во Иран. Сепак, цената на услугата веројатно е недостапна за повеќето домаќинства. Извештаите покажуваат дека илјадници терминали се шверцувани во земјата, а според некои проценки, дека бројот на корисници надминува 100.000.

Старлинк е една од ретките алатки, достапни за Иранците за време на државно наметнатите исклучувања на интернетот, како оние неодамна спроведени за време на војната со Израел. Иран честопати прибегнува кон исклучување на интернетот за да го спречи ширењето на информации и за да задуши немири, особено за време на протести или зголемени тензии.

Парламентот усвои и мерка за зголемување на казните за шпионажа. Според новиот закон, „оперативната соработка“ со странски субјекти би можела да биде казнета со смрт. Законодавството не го дефинира терминот, но набљудувачите го гледаат како дополнителен обид за заплашување на неистомислениците и на критичарите на режимот. Казните вклучуваат и затворски казни од 10 до 15 години за политички, културни, медиумски или за пропагандни активности кои предизвикуваат јавен страв или штета на националната безбедност, и 2 до 5 години затвор за споделување содржина со непријателски странски мрежи.

Двете одлуки сè уште треба да ги одобри Советот на чувари, моќно тело за уставен надзор. Таквото одобрување е обично формалност. Советот на чувари има улога да става вето на закони – донесени од парламентот – да надгледува избори и да одобрува или да дисквалификува кандидати.

Поврзани содржини